Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Фрањо на почетокот на следниот месец ќе го посети италијанскиот град Асизи.
Тоа ќе биде негово прво патување надвор од Рим откако во Италија во февруари изби пандемијата со коронавирусот.
Како што пренесува Ројтерс, папата ќе оди во Асизи ден пред свеченоста во чест на светиот Фрањо Асиски кој е роден во тој мал град во централна Италија, а ќе потпише и нова папска енциклика.
Сепак, посетата ќе биде без присуство на верници.