Папата Франциск денеска бил вакциниран против коронавирус, на првиот ден од кампањата за вакцинација во Ватикан.
Новинарите од аргентинскиот дневен весник Ла Нацио и езуитскиот неделник Америка, двајцата пријатели на 84-годишниот Франциск, тврдат дека тој бил вакциниран денеска во салата Пол VI. во Ватикан, пренесува Франс Прес.
Светиот Престол сè уште не ги потврдил овие натписи. Портпаролот Матео Бруни претходно најавил почеток на кампањата за вакцинација за околу 5.000 жители и вработени во Ватикан.
Самиот Франциск на телевизија во неделата изјавил дека договорил вакцинација, нарекувајќи го спротивставувањето на овој чин „самоубиствено негирање“ и вакцинирањето „етички избор“ за да се заштитат животите на другите луѓе.