Свет 22. април 2020. / 11:55

Папата се молеше Европската унија да остане обединета

Папата се молеше Европската унија да остане обединета

Папата Франциск денеска ја повика Европа да остане обединета во надминувањето на последиците од пандемијата од корона вирусот.

– Во ова време кога ни треба многу единство меѓу нас, меѓу народите, да се помолиме денеска за Европа, изјави папата на почетокот на утринската миса која секој ден ја посветува на различна тема во врска со глобалната криза.

Во очи на самитот на ЕУ за економските пакети за справување со кризата, папата Франциск ја повика Европа да го задржи единството за кое, како што рече, сонуваа основачите на ЕУ, пренесува Ројтерс.

Ова е втор пат за 10 дена папата Франциск да искажува загриженост за Унијата, откако за Велигден предупреди дека ЕУ ризикува колапс ако не се договори за заедничко опоравување од кризата предизвикана од Ковид-19.