Дури 34 чилеански бискупи на состанок со папата Франциско, понудиле оставки поради затајување на сексуален скандал.
Бискупите се извинија на цела земја, на жртвите и на папата. Сеуште не е познато дали папата ги прифатил нивните оставки.
Папата може да ги прифати оставките една по една, може да ги одбие, но и да ја одложи својата одлука. Ова е прв пат во историјата, цела бискупска конференција да одлучи да се повлече по скандалот.
Папата ги обвинил бискупите за уништување на доказите на сексуалниот престап, вршење на притисок на истражителите и негрижа во решавањето на проблемот со педофилијата и заштита на децата, пишува Дејли мејл.
-Ова е голем скандал. Покажаа дека немаат ни малку почитување. Проблемите внатрешно во црквата не можат да се решат ако се занимаваме само со индивидуалните случаи и ако тргнеме некои поединци кои под притисок мора да ги тргнеме. Треба да направиме нешто повеќе, рече папата.