Свет 01. септември 2018. / 21:29

Папата повика на итна акција за намалување на пластичниот отпад во морињата

Папата повика на итна акција за намалување на пластичниот отпад во морињата

Папата Франциско денеска апелираше да се преземе конкретна и итна акција во борбата против проблемот со пластиката која ги загадува светските мориња и окени и изрази жалење што во моментов нема ефективни закони за заштита на светските води.

Тој, како еден од приоритетите за зачувување на животната средина, испрати порака насочена да ги поттикне христијаните и сите останати луѓе да се заложат за спасување на она што тој го нарече импресивен и фантастичен дар од Бога, мислејќи притоа на големите води и сѐ што живее во нив.

Папата Франциско во 2015 година објави документ во кој предупреди на опасноста од глобалното затоплување, за кое наведува дека е глобален проблем предизвикан од луѓето.