Папата Франциск го именува шпанскиот језуит Хуан Антонио Герера Алвес за ватикански министер за економија.
Тој доаѓа на местото на кардиналот Џон Пел, кој во Австралија е осуден за сексуално злоставување на две момчиња од црковниот хор.
Со тоа е потврдено дека Пел, кој е на отстуство од 2017 година, нема да се врати на функцијата. Пел во Мелбурнн отслужува шестгодишна казна и иако официјално нема ниту една функција, тој останува кардинал.
Функцијата министер за економија во Ватикан формално се нарекува префект на Секретаријатот за економија.