Свет 09. јануари 2020. / 17:15

Папата ги повика САД и Иран да го обноват дијалогот

Папата ги повика САД и Иран да го обноват дијалогот

Папата Франциск ги повика САД и Иран да избегнат ескалација на насилствата и да продолжат со дијалогот за да избегнат поширок конфликт на Блискиот исток.

Папата ја испрати пораката на годишниот говор познат како „Светска држава” кој го одржа пред сите акредитирани амбасадори во Ватикан.

– Сигналите од целиот регион се особено проблематични по засилените тензии меѓу Иран и САД. Затоа, јас го повторувам мојот апел до сите засегнати страни да избегнат ескалација на конфликтот и да го одржат „пламенот“ на дијалогот и воздржаноста со целосно почитување на меѓународното право – порача Папата Франциск.

Поглаварот на Католичката црква додаде и дека тензиите меѓу САД и Иран го попречуваат закрепнувањето на Ирак и се основа за огромен конфликт. Според него, последните тензии имаат потенцијал да го запалат целиот регион.

Претходно, Папата Франциск ги повика сите верници да се молат за мир во Ирак и Иран.