Свет 11. мај 2020. / 08:30

Папата ги повика лидерите на ЕУ на хармонија и соработка за време на пандемијата

Папата ги повика лидерите на ЕУ на хармонија и соработка за време на пандемијата

Папата Франциск ги повика водачите на државите членки на Европската Унија да работат заедно за да се справат со социјалните и економските последици од пандемијата на корона вирусот.

За време на својата служба, Папата истакна дека поминале 75 години откако Европа го почна предизвикувачки процес на помирување по Втората светска војна, процес што доведе до европска интеграција и долг период на стабилност и мир.

Франциск порача дека се моли истиот дух што ја инспирирал европската интеграција да ги инспирира сите оние во ЕУ кои имаат одговорност да се борат против корона вирусот во духот на хармонијата и соработката.