Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск, ги повика христијаните во целиот свет заедно да се молат за болните од вирусот Ковид-19 и медицинските работници кои се грижат за нив.
На молитвата во Ватикан, папата побара милост Божја во време на пандемијата на корона вирусот.
Молитвата се одржа на 25-годишнината од историски документ во кој Ватикан ја потврди неприкосновеноста на човечкиот живот од зачнување до природна смрт. Документот се смета за силна потврда на црковното учење кое е против абортус и еутаназија.
Папата рече дека е потребно тоа учење да биде повторно покренато во контекст на пандемијата која му се заканува на човечкиот живот и глобалната економија.