Свет 06. мај 2020. / 14:11

Папата Франциск: Во време на економска криза мора да се почитува достоинството на работниците

Папата Франциск: Во време на економска криза мора да се почитува достоинството на работниците

Папата Франциск во приватна миса, што се одржува секој ден и се пренесува на телевизија, истакна дека работодавците мора да ги почитуваат правата на работниците, особено на мигрантите и покрај економскиот пад предизвикан од пандемијата на корона вирусот.

Точно е дека кризата влијае на се, но достоинството на луѓето мора да се почитува секогаш – истакна Папата Франциск и додаде дека му пристигнале многу пораки поврзани со овој пробем за 1 мај, Меѓународен ден на трудот.

Поглаварот на Римокатоличката црква застана во одбрана на сите експлоатирани работници и ги повика сите да ја претворат оваа криза во можност во која достоинството на луѓето и работата повторно ќе бидат поставени на прво место.

Папата Франциск особено го истакна проблемот со експлоатација на земјоделските работници во Италија, меѓу кои голем број се мигранти.

Во Италија, експлоатацијата на земјоделските работници неодамна доведе до низа апсења на сопственици на фарми и луѓе што регутираат работници за нивните потреби.