Свет 14. октомври 2018. / 22:53

Папата Фрaнциск расчини двајца чилеански бискупи поради злоставување на деца

Папата Фрaнциск расчини двајца чилеански бискупи поради злоставување на деца

Папата Фрaнциск расчини двајца чилеански бискупи кои биле инволвирани во скандалот со сексуална злоупотреба, соопшти денеска Ватикан.

Рсчинети се надбискупот, Франциско Хозе Кокс Хунеус од Ла Серена и надбискупот Марко Антонио Орденес Фернандез, пренесе „Ројтерс“.

Се тврди дека двајцата се расчинети бидејќи сексуално искористувале малолетници со толку многу докази што канонско судење било практично непотребно.