Свет 30. мај 2020. / 21:36

Папата Франциск предводеше молитва за крајот на пандемијата со корона вирус

Папата Франциск предводеше молитва за крајот на пандемијата со корона вирус

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во саботата вечер го организираше најголемиот собир во ватиканските градини од укинувањето на забраната за движење, а тој беше придружуван од лекар, медицинска сестра, болнички свештеник, фармацевт, новинар и претставник на граѓанска заштита.

Меѓу повеќе од 100 папски гости имало пациент излечен од корона вирус, лице чиј роднина починал како резултат на инфекцијата и родители на бебе родено за време на вонредна состојба.

Од почетокот на март, Ватикан ги следеше мерките воведени од Италија, воведе забрана за движење и ги забрани сите јавни собири. Многу од присутните на денешната молитва носеа заштитни маски, но не и папата Франциск.