Свет 02. декември 2019. / 15:40

Папата Франциск предупреди на „вирусот на конзумеризмот“ во декември

Папата Франциск предупреди на „вирусот на конзумеризмот“ во декември

Папата Франциск предупреди на зголемениот конзумеризам во периодот до Божик, што почна со „Црниот петок“, истакнувајќи оти желбата за трошење претставува вирус што ја напаѓа верата во нејзината основа.

– Мораме да се соочиме со илузијата дека човекот е среќен кога поседува многу работи. Спротивставете се на сјајните светла на конзумеризмот што овој месец свети околу нас – изјави папата Франциск.

Тој се одлучи да го коментира конзумеризмот во момент кога западниот свет го остави зад себе „Црниот петок“ во кој купувачите во САД само во купување преку интернет потрошија рекордни 7,4 милијарди долари на 29 ноември.

Папата Франциск го осуди конзумеризмот што го наметнува правилото дека „никогаш не се доволни работите што ги поседуваме“.

– Мораме да се спротивставиме на искушението дека смислата на животот е во трупање материјални добра – истакна папата Франциск.