Папата Франциск ги повика католичките свештеници да имаат храброст да излезат и да ги посетат луѓето заболени од новиот корона вирус.
– Да се молиме на Бога и за нашите свештеници, да имаат храброст да излезат и да ги посетуваат болните… и да придружуваат медицински персонал и волонтери во работата што ја вршат – истакна поглаварот на Римокатоличката црква.
Папата Франциск ги откажа сите состаноци во петокот минатата недела, поради здравствени проблеми од кои брзо закрепна.