Папата Франциск ги откажа сите јавни настапи со цел да избегне голем број луѓе поради епидемијата на новиот коронавирус. На верниците тој ќе им се обрати преку интернет.
Како што соопшти неговата служба, за време на неделната миса, денеска тој нема да им се обрати на насобраните луѓе од прозорецот со поглед на плоштадот „Свети Петар“, а исто така нема да ја одржи и мисата оваа среда.
Ова ќе биде еднен од ретките случаи, во изминатите 66 години, папата да не се појави на прозорецот, ритуал длабоко врежан во римската традиција, смејства да присуствуваат на неделната миса.
Обраќањето ќе се случува од папската библиотека во Ватикан, а пренос ќе се врши на интернет и на телевизија, велат во изјава од Ватикан.
Свештениците започнаа редовно да даваат благослов во недела од прозорецот од 1954 година и тоа го прават речиси секоја недела, освен кога папата е болен или надвор од Рим.
На 17.05.1981 година, четири дена откако имаше обид за атентат, папата Јован Павле го изнесе благословот со изнемоштен глас од креветот во болницата во Рим „Гемели“.
Ватикан исто така соопшти дека учеството на верниците во утринската миса на папата Франциск во неговата резиденција е забрането најмалку до 15 март.