Свет 20. август 2018. / 14:50

Папата бара казни за сексуалните злоставувачи на деца во црквата

Папата бара казни за сексуалните злоставувачи на деца во црквата

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско го осуди сексуалното злоставување деца од страна на свештеници, како и прикривањето на овој криминал и побара одговорните да бидат казнети.

Папата Франциско побара прошка за болката на жртвите и оцени дека католиците треба да бидат вклучени во напорите за искоренување на сексуалното злоставување во Црквата..

Папата ја осуди свештеничката култура свртена кон себе, што резултира со злоупотреба и поголема загриженост меѓу црковните водачи за сопствената репутација отколку за безбедноста на децата.

– Ние не покажавме загриженост за најмладите, ги оставивме, оцени папата Франциско.