Папата Франциско смета дека абортусот никогаш не може да биде одобрен, дури и ако фетусот е тешко болен или деформиран.
Тој го истакна ова за време на конференција против абортусот, спонзорирана од Ватикан, а биле повикани лекарите и свештениците да ги поддржат семејствата да ги износат таквите бремености и рекол дека противењето на абортусот не е религиозно туку човечко прашање.
– Дали е дозволено да се отфрли живот за да се реши проблемот? Дали е дозволено да се изнајми убиец за да се реши проблемот? – рекол папата.
Тој ја осудил одлуката за прекин бременоста на основа на пренатално тестирање, нагласувајќи дека човечкото битие никогаш не е неспоиво со животот.
Иако силно зборувал против абортусот, папата изразил симпатии кон жените кои имале абортус и им олеснил да добијат прошка.