Свет 14. март 2021. / 20:45

Папа Франциск: Сириската граѓанска војна една од најлошите хуманитарни кризи

Папа Франциск: Сириската граѓанска војна една од најлошите хуманитарни кризи

Папата Франциск изјави денеска дека граѓанската војна во Сирија е една од најлошите хуманитарни кризи на денешнината, истакнувајќи дека 10-годишнината од нејзиното избивање треба да ги поттикне сите да побараат малку надеж за оваа земја.

Го повторувам својот искрен апел за да можат сите страни во судирот да покажат знак на добра волја и да може да му се укаже малку надеж на исцрпеното население, истакна папата за време на неделната молитва на Плоштадот Свети Петар.

Во Сирија се случи секаков вид на насилство и огромно страдање на населението, особено на најзагрозените, како што се децата, жените и возрасните, истакна поглаварот на Римокатоличката црква, кој минатиот понеделник се врати од Ирак.

Тој, исто така, ја повика меѓународната заедница одлучно да се посвети на прекин на војната и да помогне во обновата и економското закрепнување на земјата.