Свет 20. јануари 2021. / 22:00

Папа Франциск: Се молам на Бога Бајден да успее во напорите за помирување во САД и во светот

Папа Франциск: Се молам на Бога Бајден да успее во напорите за помирување во САД и во светот

Се молам на Бога да ги насочиш своите напори за помирувањето во САД и во светот, порача денеска поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во честитката до американскиот претседател Џо Бајден, кој пред неполни два часа беше инаугуриран на највлијателната позиција во светот.

Британските медиуми наведуваат дека папата Франциск испратил порака до 46. претседател на САД веднаш по положувањето на заклетвата и изразил надеж дека Бајден ќе работи на создавањето општество со вистинска правда, слобода и почитување на правата и достоинството на секој поединец, особено на најсиромашните, најранливите и на оние кои немаат право на глас