Свет 13. јуни 2020. / 16:22

Пандемијата тројно ја зголеми продажбата на апчиња за абортус на Малта

Пандемијата тројно ја зголеми продажбата на апчиња за абортус на Малта

За време на пандемијата на Ковид-19, на Малта за трипати е зголемен бројот на нарачки на интернет на таблети за абортус.

На Малта абортусот е забранет во сите случаи, поради што единствен начин за прекин на бременоста е нарачување на таблети за абортус. Сепак, и тоа се смета кривично дело.

Како што објави британскиот весник „Гардијан“ причината за зголемениот број нарачки на таблети за абортус е тоа што жените, поради затворените граници не можат да патуваат во странство.

Законот за забрана на абортусот на Малта датира од британскиот колонијален период. Според кривичниот закон на Малта, секој кој бара помош или помага при абортус може да биде осуден на затворска казна до три години.