Свет 16. април 2020. / 15:27

Пандемијата причина за Џорџија да го повлече законот донесен против Кју Клукс Клан

Пандемијата причина за Џорџија да го повлече законот донесен против Кју Клукс Клан

Пандемијата на корона вирусот го принуди гувернерот на американската сојузна држава Џорџија, Брајан Кемп, да го измени законот од 1951 година, што се однесува на Кју Клукс Кланот (ККК), чии членови под препознатливи маски линчувале голем број Афроамериканци.

Кемп потшиша наредба која на жителите ќе им дозволи да носат капи и маски и се останато што ќе ги заштити од корона вирусот, иако тоа ќе го скрие нивниот идентитет. Со новата уредба граѓаните нема да треба да се грижат дека ќе бидат кривично гонети според законот воведен поради злоделата на ККК.

Џорџија е 11. сојузна држава според бројот на умрени од Ковид-19. Во неа досега починале 570 лица, а вкупно се заразени 15.260.