Свет 09. јуни 2020. / 14:54

Пандемијата му го зголеми богатството: Џеф Безос „тежи“ 150 милијарди долари

Пандемијата му го зголеми богатството: Џеф Безос „тежи“ 150 милијарди долари

Нето-вредноста на основачот на „Амазон“, Џеф Безос пораснал на 150 милијарди долари, според индексот на милијардери на „Блумберг““.

На почетокот на март, непосредно пред ширењето на пандемијата, компанијата забележа голем пораст на побарувачката и мораше да ангажираат 175 илјади нови работници за да се справат со тоа.

Акциите на „Амазон“ во моментов вредат 2,483 американски долари, а Безос е најголемиот акционер со повеќе од 55 милиони акции.

Безос и во 2018 година исто така забележа нето вредност од 150 милијарди долари, што го направи најбогатиот човек во модерната историја.

Тој во моментов вреди 35 милијарди повеќе од Бил Гејтс.

Како што расте богатството на Безос, „Амазон“ добива сѐ повеќе критики за третманот на работниците во магацините на компанијата.

Компанијата во март воведе привремено зголемување на платите од два американски долари на вообичаената минимална плата од 15 долари на час за работниците во магацините, иако тоа беше укинато на почетокот на овој месец.

Работниците исто така ја критикуваат компанијата, велејќи дека не вовела соодветна заштита за нејзините магацински работници, од кои осум починаа од Ковид-19.