Свет 21. мај 2020. / 18:30

Пандемијата ја турка економијата на еврозоната кон дното

Пандемијата ја турка економијата на еврозоната кон дното

Економијата на еврозоната „најверојатно го достигна дното“, откако доживеа катастрофален пад поради рестриктивните мерки преземени со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, покажуваат резултатите од истражувањето на ИХС Маркит.

Падот во 19 држави од ЕУ, кои ја користат заедничката европска валута, продолжи во мај, трет месец по ред, но „темпото на падот се намалува, откако делови од економијата почнаа да ја отстрануваат блокадата“.

Овој месец индексот достигна 30,5 процентни поени, што е многу повеќе од катастрофалните 13,5 поени регистрирани во април, но се уште под нивото од 50 процентни поени меѓу падот и експанзијата.