Свет 18. мај 2020. / 11:40

Пандемијата ја фрли Јапонија во рецесија

Пандемијата ја фрли Јапонија во рецесија

Јапонската економија влезе во рецесија во првиот квартал на 2020 година,затоа што пандемија на Ковид-19 ги прекина производството, извозот и потрошувачката, а предизвика и стравувања дека може да има уште потешки времиња.

Јапонската Влада објави дека бруто домашниот производ паднал во реални услови во периодот јануари-март за 3,4 проценти на годишно ниво, според сезонски прилагодените податоци. На квартално ниво, падот е 0,9 проценти.

Извозот се намалил за 21,8 проценти, приватните инвестиции во градбата на станови за скоро 17 проценти, а потрошувачката на домаќинствата за 3,1 отсто.

Аналитичари очекуваат ситуацијата да се влоши затоа што,според нив, третата по големина светска економија се соочува со најголемиот предизвик од Втората светска војна.