Корпоративниот оперативен профит на „Тојота Мотор“ за тековната финансиска година ќе биде помал за 79,5 отсто и ќе изнесува 500 милијарди јени (4,66 милијарди долари), а тоа е резултат на пандемијата на корона вирусот.
Како што се наведува во соопштението на компанијата, се очекува и за хибридните возила „Приус“ и луксузните „Лексус“, да паднат приходите од продажбата до март 2021 година за 19,8 отсто во однос на претходната финансиска година, а притоа да ги задржат очкувањата за нето заработка заради ефектите од пандемијата.
За периодот јануари-март „Тојота“ забележа нето-профит од 86,3 отсто, или 63,2 милијарди јени, а оперативната добивка опадна за 27,5 отсто, на 384,1 милијарди јени. Продажбата во првиот квартал е намалена за 8,4 отсто, на 7,1 трилион јени.
2020-05-12 07:23:35, од