Андерсон рекла и дека последен пат разговарала со Асанж на 27. март, а тој ден му бил укинат пристап до остатокот од светот.
Основачот на “Wikileaks”, Џулијан Асанж, е во смртна опасност, целосно е изолиран од светот во зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон, рекла актерката Памела Андерсон.
Таа истакнала дека медиумите кои се наклонети на семејството Клинтон се виновни за фактот дека Асанж е омразен во Холивуд.
Како што навела, минатиот месец се обидела да го посети, но не нејзиното барање било одбиено. Андерсон рекла дека последен пат разговарала со Асанж на 27. март, а тој ден му бил укинат пристап до остатокот од светот.
“Отсечен е од сите. Воздухот и светлото во амбасадата се одвратни, тој не може да отвори прозори ниту да добие барем дел од дневната светлина. Дури и затворениците можат да излезат во двор, тој не може ни тоа”, рекла Андерсон, пренесува “B92”.
Според нејзините зборови, Асанж е погрешно обвинет за многу работи.
“Тој е толку несфатен. Посебно во Холивуд. Го мразат затоа што семејството Клинтон има монопол над медиумите. Секогаш се обидувам да ја прикажам неговата човечка страна, бидејќи луѓето мислат дека тој е робот или компјутерски екран”, навела Андерсон.