Свет 07. мај 2019. / 17:03

Памела Андерсон го посети Асанж во затвор

Памела Андерсон го посети Асанж во затвор

Актерката Памела Андерсон го посети Џулијан Асанж во затвор, ова е нејзина прва посета откако беше уапсен во април, пренесува CNN.

Тој не заслужува да биде во затвор од ваков формат. Никогаш не сторил насилно дело, тој е невин човек, изјави Андерсон по посетата на затворот во Лондон.

Таа додаде дека Асанж е изолиран од сите, вклучувајќи ги и неговите деца, и нема никаков пристап до информации.

Тој е добар човек, неверојатна личност. Многу го сакам и не можам да замислам низ што минува, вели Андерсон