Свет 27. февруари 2019. / 15:38

Памела Андерсон бара од Путин итно ослободување на стотина китови!

Памела Андерсон бара од Путин итно ослободување на стотина китови!

Познатата актерка Памела Андерсон  на рускиот претседател му се обрати писмено барајќи ослободување, но не на политички затвореници туку на стотина китови кои се заробени во близина на местото Нахотка во регионот Приморски крај.

Андерсон, инаку член на Советодавниот одбор при Меѓународниот фонд за заштита на животните (IFAW) потпишаното писмо го објави на официјалната интернет страница на фондацијата.

Во писмото Андерсон го моли Путин да нареди нивно ослободување.

Ви пишувам во врска со 11-те орка и 87-те белуга китови кои моментално се заробени во близина на Нахотка. Сакам да и се заблагодарам на руската влада која презема важни чекори кон спречувањето на меѓународната продажба на овие китови. Дознав дека владата преземала иницијатива да ги ослободи овие величествени суштества и да ги врати во нивните природни води на рускиот далечен исток, пишува Андерсон.

Таа се надева дека руската влада во соработка со еколозите и меѓународни експерти ќе создаде сериозен план за враќање на орките и белугите во нивната природна средина.

Претходно се појави веста дека 11 орки се незаконски уловени со цел да бидат продадени во Кина и дека се чуваат во специјален центар во Нахотка, а слична информација се појави и за белуга китовите.

Руските медиуми јавуваат дека е отворена истрага за нелегален лов, а пред неколку дена и претседателот на Руската федерација Путин им наредил на министрите за природни ресурси и земјоделие да одлучат за судбината на китовите до 1-ви март.