Свет 14. мај 2018. / 18:53

Палестинското министерство за здравство: Убиени 43-ца Палестинци, повредени најмалку 1.900

Палестинското министерство за здравство: Убиени 43-ца Палестинци, повредени најмалку 1.900

Зголемен е бројот на жртви во демонстрациите што денеска се случуваа на Појасот Газа, јави „Раша тудеј“, повикувајќи се на податоци на палестинските власти.

„Според досегашните податоци, израелската војска уби 43-ца Палестинци на протестите во очи отворањето на Амбасадата на САД во Ерусалим, соопшти Палестинското министерство за здравство.

Покрај тоа, како што велат, повеќе од 1.900 Палестинци биле повредени, а меѓу нив имало 74 деца и 23 жени.