Пакистанскиот Парламент донесе одлука со која побара јавно бесење на осудените убијци и силувачи на деца.
Оваа резолуција во националното собрание ја претстави пакистански министер за парламентарни работи, Али Мухамад Кан.
– Убијците на деца и силувачи не треба да добиваат само смртна казна со бесење, туку треба и јавно да се обесат – изјави Мухамад Кан.
Во последните неколку години во Пакистан имаше серија злосторства на злоставување деца. Еден од најпознатите случаи беше убиството на седумгодишното девојче, Заинаб Ансари.