Свет 19. септември 2018. / 15:21

Пакистанскиот суд нареди ослободување од затвор на поранешниот премиер Шариф

Пакистанскиот суд нареди ослободување од затвор на поранешниот премиер Шариф

Пакистанскиот висок суд денеска нареди ослободување од затвор на поранешниот премиер Наваз Шариф и неговата ќерка, со што е суспендирана пресудата изречена во јули.

Пакистанските медиуми јавуваат дека судот ја суспендираше пресудата од 10 години затвор за Шариф и седум години за неговата ќерка Марјам Навиз поради корупција.

Случајот се однесува на сопственост над четири апартмани во квартот Парк Лејн во Лондон.