Се намали вредноста на биткоинот.
Денешната вредност на биткоин е за 3,7 отсто пониска од вредноста при затворањето на берзите во петокот и достигна 44.408 долари.
Најголемата и најпозната криптовалута во светот поскапе за 70 отсто од почетокот на годината досега и достигна рекордна вредност во своето постоење од скоро 60.000 долари.
Биткоинот сега ја има најниската вредност од 8 февруари наваму.