Двајца пилоти загинаа во пад на руски воен авион во близина на Латакија во Сирија, соопшти руското Министерство за одбрана. Авионот „су-30 см“ паднал во Средоземното Море веднаш по полетувањето од базата во Латакија.
Руски воени претставници соопштиле дека авионот не бил соборен и дека не бил цел на напад. Причината за падот се истражува, а можно е и птица да влетала во моторот на леталото, навело руското Министерство. Во соопштението се додава дека пилотите до последен момент се бореле да ја вратат контролата над леталото.
„СУ-30 см“ е модернизирана верзија на рускиот двомоторен борбен двосед „су-30“, „генерација четири плус“. Се карактеризира со големи маварски способности, голем радиус на дејства и современа опрема и мотори.
Во јануари оваа година началникот на руската војска, генерал Игор Кожин, изјавил дека „су-30 см“ ќе стане основен авион, сила на оперативно-тактичката авијација на руската морнарица.