Свет 14. јули 2019. / 19:44

Падна мал авион во Шведска – загинаа девет лица

Падна мал авион во Шведска – загинаа девет лица

Девет лица загинаа при пад на мал туристички авион во северниот дел од Шведска, соопштија локаните власти.

-Сите девет лица, колку што имало во авионот, загинаа во несреќата, изјави портпаролката, не наведувајќи го идентитетот на жртвите.

Медиумите пренесоа дека авионот превезувал падобранци и дека несреќата се случила околу 14 часот.

Причините за несреќата засега не се познати.