Свет 31. август 2019. / 20:59

Падна хеликоптер во Норвешка – четири лица загинаа

Падна хеликоптер во Норвешка – четири лица загинаа

Најмалку четири лица загинаа, едно лице е исчезнато, и едно лице е повредено при пад на хеликоптер во северниот дел на Норвешка, соопшти службата за спасување.

Наводно имало пет патници и пилот во хеликоптерот АС350 кога паднал југозападно од Алта, пренесе Ројтерс.

Причината за несреќата сè уште не е утврдена.