Свет 11. декември 2018. / 11:30

Пад на фунтата – најниска вредност во последните две години

Пад на фунтата – најниска вредност во последните две години

Британската фунта веќе неколку недели е под голем притисок, а во последните два дена се бележи голем пад на оваа валута.

Курсот на фунтата е со најниска вредност во последните 20 месеци. Падот на валутата е поврзан со проблемите на земјата кои ги има со „Брегзит“.

Вчера требаше да се гласа за договор на прекин на соработката меѓу Британија и Европската Унија, но тоа беше одложено од страна на Премиерката Тереза Меј.