Свет 27. мај 2020. / 21:00

Пад на цените на нафтата на меѓународните пазари

Пад на цените на нафтата на меѓународните пазари

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 36 долари по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека работи на силен одговор на предложениот закон за безбедност на Кина во Хонгконг.

На лондонскиот пазар цената на барелот падна за 47 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 35,70 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по 32 центи пониска цена, од 34,03 долари.

Потенцијалното влошување на односите меѓу двете најголеми економии во светот ќе го зголеми притисокот врз компаниите ширум светот и побарувачката за нафта која веќе е ослабена од пандемијата на коронавирусот.

„Фундаментите се подобруваат на пазарот на нафтата, но сè уште има тешкотии што го расипуваат расположението, а меѓу нив е и најновото зголемување на американско-кинеските тензии. Заканата од нова трговска војна меѓу САД и Кина не е повеќе само ’ризик на хартија’ и може да предизвика вистинска катастрофа на пазарот со ризични средства“, вели Стивен Бренок од ПВМ.

Мрачните прогнози за економските последици од пандемијата, исто така, вршат притисок врз цените на суровата нафта.