Свет 11. јануари 2019. / 09:54

Пациентка ги шокира докторите – сакале да ја прогласат за мртва, но тогаш се случи чудо

Пациентка ги шокира докторите – сакале да ја прогласат за мртва, но тогаш се случи чудо

Млада Кинезинка се опоравила по 72 часа клиничка смрт, откако во болница срцето престанало да и чука.

26-годишната Кинезинка, од источната провинција Фуџијан, на 1 јануари била итно дносена во болница, срцето забрзано и чукало, а потоа застанало. Бидејќи ја згубила свеста, лекарите констатирале миокардитис – воспаление на срцевиот мускул и таа била прикачена на апарти.

-Машината што ја користиме може да ги извршува функциите на срцето и белите дробови. На тој начин го одржува дотокот на крв во срцето по срцев застој – објаснува Јанг Ченбин од болницата на Универзитет Сијамен.

Сепак, срцето на пациентката не проработело ниту по два часа. Докторите, меѓутоа, не сакале да ја прогласат за мртва, иако според терминологијата во клиничката медицина, таа веќе не била жива. Наместо тоа, била испратена во одделението за интензивна нега каде што ги одржувале нејзиното срце, белите дробови и бубрезите.

-Таа е толку млада, а никогаш претходно не била болна. Затоа реков дека ќе сторам сé што е во моја моќ за да преживее – изјавил Жанг Минвеи од одделот за интензивна нега, а пренесе РТС.

Следното утро, нејзиното срце почнало повторно да пумпа крв, а во следните 72 часа и се вратила и свеста.

-Кога таа ги отвори очите, ја прашав дали е жедна односно да ми ја фати раката, доколку е. Кога го направи тоа, сфатив дека ни се врати – раскажал доктор Жанг.