Свет 28. декември 2018. / 09:50

Озгласениот нарко бос плачеше како мало дете во судница

Озгласениот нарко бос плачеше како мало дете во судница

Обвинителите сметаат дека Ел Чапо бил првиот човек на картелот Синалоа за кој се верува дека е одговорен за криумчарење на повеќе од половина од вкупната количина на дрога преку американско-мексиканската граница.

Откако неговите 7-годишни ќерки се појавиле на судењето, озлогласениот лидер на еден од најопасните нарко картели – Хоагин Ел Чапо Гузман, се расплака во њујоршката судница каде му се суди за 17 точки од обвинението, меѓу кои и за криумчарење на дрога, убиство и перење на пари.

Во судницата пристигнала и сопругата на Ел Чапо, 29-годишната Ема Коронел Аиспуро, како и близначките кои што го поздравиле својот татко.

Според експертите, таа сцена би требала да го „хуманизира“ озлогласениот нарко бос и целта на емотивната сцена била да си поигра со чувствата на поротата. Сопругата и ќерките се единствените од семејството на Ел Чапо кои што имаат право да го посетат лидерот на картелот Синалоа после неговата екстрадиција во САД. Неговите ќерки го посетиле и во затворот каде што е во изолација.

Ел Чапо е поранешен лидер на картелот Синалоа, еден од најмоќните картели во Мексико кој што е одговорен за криумчарење на повеќе од половина од вкупната количина на дрога која што влегла на територијата на Соединетите Американски Држави.

Тој меѓу другото е обвинет за криумчарење на дрога, убиства, киднапирање и перење на пари, а се верува дека за време на неговото „владеење“ како прв нарко-бос во Мексико, заработил повеќе од милијарда долари.

Неговата сопруга и натаму е активна на социјалните мрежи, каде што често објавува фотографии.