Свет 15. мај 2018. / 10:49

Овој град кој наскоро ќе има 30 милиони жители прв ќе остане без вода, а последиците ќе бидат големи

Овој град кој наскоро ќе има 30 милиони жители прв ќе остане без вода, а последиците ќе бидат големи

Максико сити е еден од најголемите градови во светот, дом на околку 27 милиони жители, што го прави околу 20 отсто од вкупната популација на Мексико. Големата популација создава притисок на залиха за вода, поради што се рушат системите за вода. Природните резерви исто така се загрозени, а ако продолжат ваквите трендови ќе пресуши за 30 годиниа.

Во градот кој се наоѓа на 2.000 метри надоморска висина често врне дожд. Илевањето на водата доведува до проблеми во сообраќајот, поплави и загадување на водата. Цевките се запушуваат и отпадот се фрла по улиците, пишува Би-Би-Си.

И покрај дождовите, градот се соочува со недостиг на вода, главно поради дотрајаната и неефикасна инфраструктура, поради која се губи 40 отсто од водата.

Најсиромашните се најмногу погодени. Некои од нив не се ни поврзани а водовод и водата ја купуваат, што е и најскапа. Другите имаат ограничен пристап и вода во цевките само неколку пати неделно. Многумина затоа земаат вода од цистерни кои ја превезуваат по градот.

Недостигот на вода е чудна појава со оглед на природното окружување. Мексико сити е изграден на остров кој е опкружен со природни езерски базени.

Во септември минатата година во земјотрес загинаа 200 луѓе, а многу згради пропаднаа. Пропаѓањето на земјиштето доведува до пукање на цевките и уништување на инфраструктурата.