Свет 05. мај 2018. / 22:39

Овој човек е милионер, но не му пречи да собира смет (ВИДЕО)

Овој човек е милионер, но не му пречи да собира смет (ВИДЕО)

Жонг Чонгронг иако е милионер, сепак не вечера во најскапите ресторани, не посетува забави и концерти, а не се дружи ниту со кинеската елита.

Тој е еден сосема обичен 51-годишен милионер кој по работното време на сите можни начини се обидува и успева да заборави на својата финансиска состојба поради личен мир и задоволство.

Жонг решил во осум часот секое утро да го чисти реонот во кој што живее.

Кога започнал со ова необично хоби, многу луѓе го гледале чудно.

„Во текот на семејното патување во 2015. година во Хајанан, сретнав професор во пензија кој некогаш ми предаваше на Цингхуа Универзитетот. Ми рече дека последните четири години собира смет на блиската плажа. Беше среќен што се грижи за околината, екологијата му беше на првото место. Оставу толку силен впечаток врз мене што сакав да ја направам правилната работа“- вели Чонгронг.

Неговото семејство сака да го одврати од оваа намера.

Во меѓувреме во своите компании почнал со мисија за охрабрување на вработените да го следат неговиот пример, но како што велат, засега нема многу корист од тоа.