Компанијата Ер Франс, дозволи препродажба на авионските билети, со што ја исполни желбата на своите патници.
Оваа можност наскоро ќе биде достапна преку новата програма, ФлексФлај, па во случај на откажување на летот ќе можете да го продадете својот билет онлајн.
Доколку некој сака да ја купи вашата карта, половина од износот ќе ви се врати. Другата половина ќе оди кај Ер Франс, која ќе понуди попуст за купување на следниот билет.
Картата во тој случај ќе чини 15 проценти помалку. За да ја користите оваа опција билетот мора да биде купен директно од авиокомпанијата.