Свет 03. август 2020. / 19:03

Ова се најсреќните европски држави: Секоја има своја тајна за добар живот

Ова се најсреќните европски држави: Секоја има своја тајна за добар живот

Во Европа има многу држави чии граѓани имаат прилично среќен и квалитетен живот. Британски „Гардијан“ прави листа на најсреќните и најздрави земји во Европа.

Во својата листа, од „Гардијан“ нудат по една причина зошто секоја од овие земји има свој специфичен рецепт за успех.

Шпанија – Сиеста

Краткиот попладневен одмор кој постои во Шпанија, е почнат со цел да им се овозможи на земјоделците да се одморат во најжешките периоди од денот. Оваа традиција сè уште опстојува во земјата, а работно време се поместува за да се прилагоди на сиестата.

Една голема студија спроведена во 2007 година заклучува дека срцевите заболувања се поретки кај луѓето кои редовно се одмараат најмалку половина час на ден, додека  студија од 2010 година открила дека попладневната сиеста ја подобрува способноста на мозокот за учење.

Дури и само забавување за кратко време во текот на денот ви овозможува да се исклучите и да ја зголемите вашата енергија, концентрација и креативност – вели основач на туристичка компанија, Пол Џозеф, за „Гардијан“.

Исланд – Риба

Исланд е постојано добро рангиран во однос на животниот век и здравјето, пред сè во однос на нормалниот крвен притисок. Во 2019 година, земјата се најде на третото место по индексот „Блумберг“ на најздравите земји, веднаш зад Шпанија и Италија.

Нордиската диета има некои сличности со медитеранската диета која го продолжува животот, иако е послаба во однос на овошјето и зеленчукот и се залага за умерено консумирање маснотии и протеини, со масло од канола (масло од репка), диви бобинки и клубени.

Нивната исхрана се заснова на свежа риба и со самото тоа омега 3 масните киселини и се смета за клучна за здравјето на Исланѓаните. Харингата и бакаларот се задолжителни во исхраната. Ферментираната ајкула е национален специјалитет.

Исланѓаните се исто така познати по тоа што како секојдневен додаток користат масло од црн дроб од бакалар во текот на зимата, кога не можат лесно да се снабдуваат со доволно витамин Д од сончева светлина. Придобивките од рибиното масло и омега 3 се контроверзни, но поборниците велат дека ја ублажува вкочанетоста на зглобовите поврзана со артритисот и ја подобрува состојбата на забите, ноктите, косата и кожата.

Италија – Фанго терапија

Иако употребата на кал за третман на убавина била документирана во антички Египет, кога глината од бреговите на Нил се нанесувала на лицето и кожата за подобрување на изгледот и текстурата, во Италија станала популарна во римско време. „Фанго“ е италијански збор за „кал“.

Оттаму, оваа терапија се прошири со Римското Царство, а третманите и обвивките со кал станаа популарни во спа-третмани низ Европа и пошироко.

Иако различни видови кал (измешани со минерална или термална вода) имаат различни својства, терапијата фанго е најефикасна како нежно средство за чистење и има релаксирачки, анти-стрес ефект. Хроничниот стрес влијае на имунолошкиот систем и предизвикува висок крвен притисок, замор, лошо ментално здравје, па дури и срцеви заболувања.

Се разбира, не треба да заборавате на здрава исхрана со многу маслиново масло.

Грција – Медитеранска исхрана

Дали има нешто што медитеранската исхрана не може да го направи? Соединува видови храна и здрави навики од повеќе земји во јужна Европа, вклучувајќи ги: Грција, Шпанија, јужна Франција, Португалија и Италија. Оваа исхрана е богата со овошје и зеленчук, интегрални житарки, маслиново масло и незаситени масти, со умерен внес на млеко.

Придобивките од оваа исхрана се покажаа како многу широки:  поврзани со подолг животен век, поздрави црева и срце, штити од болести, го намалува ризикот од депресија, го спречува дијабетесот, па дури и ги подобрува атлетските перформанси.

Финска – Контраст терапија

Културата на посетување сауни постои ширум Европа, но е длабоко вградена во Финска, каде има една сауна за приближно секои две лица. Традицијата на Финците е да ги тестираат нивните граници, што подразбира да останете во сауна со многу висока температура и потоа да се потопите во мраз ладна вода или снег.

Овој контраст е, според некои студии, многу добар за кардиоваскуларниот систем.

Но, некои истражувања дошле до заклучок дека многу од ефектите од оваа „контрастна терапија“ (како што е третманот на повреди на спортистите) се сомнителни, но физиолошките ефекти се такви што траат, без оглед на тоа. Никој не знае подобро од Финците колку е добро прво да се чувствува жешко, а потоа ледено. Ова е причината зошто ледените базени и снежните соби се популарни во бањите низ целиот свет.

Данска – Хиги

Данска е често на врвот на најсреќните земји во светот. Фактот дека учењето за емпатија е една од задолжителните предмети во данските училишта од 1993 година, меѓу другото, ги објаснува ваквите пофални резултати

Она што е уникатно за Данска е „хиги“. За терминот нема буквален превод, но може да се каже дека е намерно создадена, топла и пријателска атмосфера. Данска е земја во која рано се затемнува и има многу дожд, така што хиги е одличен начин да се задржите во добро расположение за време на дождливите и магливите денови. Всушност, тоа е основен концепт на данското чувство за благосостојба.

Холандија – Уитваиен

Холандија исто така има свој термин што во многу погледи ја објаснува тајната на просперитетот на Холандија. „Утваијан“ значи да останете во дивината, во ветровито време, обично кога одите на прошетка

Многу северноевропски земји имаат еквивалент на јапонскиот збор „shinrin-yoku“ („капење во шума“), што укажува на придобивките од трошење време во шума или парк.

Поминувато време на отворено, во која било количина, има неверојатни придобивки, како збогатување на витамин Д, подобрување на расположението и концентрацијата, стимулативно вежбање, …

Една студија за 2018 година откри дека изложеноста на зелени места може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, кардиоваскуларни заболувања, предвремена смрт, предвремено раѓање, стрес и висок крвен притисок. Најмалку два часа на ден може да има ефект врз вашето здравје.