САД денеска официјално ја отворија амбасадата во Израел која е преместена од Тел Авив во Ерусалим.
– Денеска ја отвораме амбасадата на САД во Ерусалим, изјави на почетокот на церемонијата американскиот амбасадор Дејвид Фридмен.
– Денешниот историски настан му се припишува на визијата, храброста и моралната јасност на еден човек на кого му должиме многу и кому сме вечно благодарни – Претседателот Доналд Трамп, изјави Фридман, чија изјава беше пречекана со овации од присутните.
На церемонијата присуствува делегација од Вашингтон, како и израелското политичко раководство.
Нешто подоцна Трамп ќе им се обрати во живо, преку видео-линк на присустните на церемонијата, а во Ерусалим се наоѓаат неговата ќерка Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, кој воедно е и советник во Белата куќа.