Момчето , кое до инцидентот беше сосема здраво , наеднаш ослепе , занеме и сега се парализира. Руските медиуми јавуваат дека членот на протестната група ,, Pussy Riot” е во многу тешка состојба и најверојатно е отруен.
Тој доцна вечерта во вторникот бил примен на интензивна нега во Москва затоа што прво го изгубил видот , потоа ја изгубил моќта да зборува и конечно станал неподвижен.
Членката на групата Вероника Никулшина за медиумите изјавила дека Верзилов се лекува на токсиколошко одделение на клиника во Москва. Тој бил префрлен во болница по судското рочиште против Никулшина .
Тие двајца , заедно со уште двајца членови на групата во јули издржаа две недели затворска казна за правење неред на Светското првенство во фудбал.