Свет 10. април 2020. / 12:34

Откритие на британски научници: Ковид-19 преку телесни шеќери го заобиколува имунолошкиот систем

Откритие на британски научници: Ковид-19 преку телесни шеќери го заобиколува имунолошкиот систем

Научници од Универзитетот во Саутемптон тврдат дека корона вирусот се вовлекува во шеќерите наречени глукани, кои потоа му помагаат да го избегне имунолошкиот систем на телото.

Тимот истражувачи предводени од д-р Макс Криспин велат дека вирусот, сепак, не е заштитен како другите, како на пример ХИВ, како и дека овие информации ќе помогнат при пронаоѓањето на вакцината.

Доктор Криспин објаснил дека овој вирус има голем број шилци на површината кои ги користи за да се врзе и да влезе во клетките во човечкиот организам. Тие шилци се обвиткани со шеќери кои ги прикриваат неговите вирусни протеини и му помагаат да го избегне имунолошкиот систем на телото.

Вака се однесуваат волците во јагнешка кожа. Сепак, едно од нашите главни откритија е дека без оглед на тоа колку шеќери има, вирусот не е толку заштитен како другите вируси. Вирусите како ХИВ, кој останува во еден организам, мораат постојано да го избегнуваат имунолошкиот систем на човекот и затоа има многу густ слој од овој шеќер кој им е штит – рекол докторот.

Д-р Криспин навел и дека корона вирусот се однесува според системот „удри и бегај“ и дека се пренесува од една личност на друга.

– Тој сепак има пониска густина на спомнатиот шеќер, што значи дека постои помала препрека за имунолошкиот систем да го неутрализира вирусот со антитело. Тоа е охрабрувачка порака за развојот на вакцината – рекол Криспин.