Во Италија се откриени два случаи на заразени со новата мутација на корона вирусот што се појави во Англија, а уште двајца се под истражување. Поради тоа, издадена е наредба за пронаоѓање на патниците кои пристигнале во Италија од Велика британија директно или преку други земји на 6 декември.
Санитарните структури бараат списоци на патници од тој датум, иако веќе е познато дека не е можно да се следат сите, бидејќи многумина пристигнале со други превозни средства и од други насоки од земјите на ЕУ кои сè уштене ги запреле летовите од Британија.
Повеќе италијански медиуми објавија дека околу 28.514 Италијанци сакаат да се вратат во Италија за празниците. Голем број од нив се луѓе кои треба да допатуваат во Рим.
Единствениот валиден податок досега е дека во последните две недели 3.000 патници од Велика Британија слетале на аеродромот во Рим,Фјумичино.
Побарани се списоци на патници од сите аеродроми во Италија каде што слетувале патниците во последните две недели, а објавен е и „зелен број“ со барање да се пријават тие што пристигнале за да се тестираат ако до сега не го направиле тоа.