Свет 14. мај 2018. / 11:02

Откриени детали за исчезнувањето на Малезија Ерлајнс – пилотот го испланирал масовното убиство (ВИДЕО)

Откриени детали за исчезнувањето на Малезија Ерлајнс – пилотот го испланирал масовното убиство (ВИДЕО)

Експертите кои се обидуваат да ја утрврдат причината за исчезнувањето на МН370 летот, веруваат дека за трагедијата е одговорен пилотот, кој го испланирал масовното убиство на 239 патници и членови на екипажот, пишуваат австралиските медиуми.

Тимот на експерти за авиосообраќај, кои го истражуваат исчезнувањето и падот на Малезија Ерлајнс во 2014 година, на патот од Куала Лампура до Пекинг, објавено е дека се согласиле за причината за исчезнувањето на авионот.

Лери Ванс, поранешен истражувач од канадската владина агенција за сообраќај и безбедност, изјавил дека е сигурен што се случило со авионот.

-Мислам дека јавноста може да се утеши со тоа дека експертите се сложни во тоа што се случило во авионот во послените моменти, рекол Ванс.

Со тоа уште еднаш се потврдува можноста пилотот Захариј Амхад Шах, намерно да го предизвикал масовното убиство.

Многу стручни лица веруваат дека Шах е одговорен за трагедијата, а во 2016 година, високи функционери од Австралија изјавија дека веројатно пилотот го испланирал овој шокантен настан.

-Пилотот кој управувал со летот МН370 го променил патот. Доказите цврсто покажуваат дека посадата била вмешана. Притисокот во авионот бил пореметен, па луѓето се гушеле. Тоа беше убиство со предумисла. Тоа беше планирано. Телата никогаш не се пронајдени, изјави адвокатот кој ги застапува семејствата на жртвите, Џон Досон.

Авионот со лет од Куала Лампура кон Пекинг, исчезна од радарскиот екран на 8 март 2014 година, за помалку од саат време од полетувањето. Во авионот имало 227 патници и 12 членови на посадата.