Свет 22. декември 2020. / 18:55

Откриена уште една мутација на корона вирусот во Данска, различен од оној во Велика Британија

Откриена уште една мутација на корона вирусот во Данска, различен од оној во Велика Британија

Во Данска во повеќе од 1.600 примероци откирена e нова, мутирана верзија на Ковид-19.

Данските научници од Државниот институт за серуми изразија загриженост поради откритието на новиот вид вирус го нарекоа Н439К.

Важно е да следиме како се шири ова варијанта на коронавирусот и да востановиме дали ширењето е изразено кај најризичните групи, истакна Тира Грове Краусе од Данскиот институт за серуми.

Таа додаде дека Н439К не е ист како новиот вид на Ковид-19 што беше откриен во Велика Британија, ниту со видот што претходно беше откриен кај канадските куни што се одгледуваат во Данска.

Данскиот институт за серуми наведува дека Н439К е откриен уште во мај во Романија, но сега најраширен е во Ирска, Чешка, Швајцарија, Англија, Австралија и на Нов Зеланд.