Свет 05. август 2020. / 14:01

Oткриена причината за експлозијата во Бејрут

Oткриена причината за експлозијата во Бејрут

Меѓународни експерти, врз основа на видео-снимки и предизвиканите последици, укажуваат дека пиротехниката и амонум нитратот ја предизвикале големата експлозија во главниот град на Либан, Бејрут.

Сепак, амониум нитратот, хемиско соединение што се користи како вештачко ѓубриво, но и како компонента на експлозивот, вообичаено не се активира само од себе, а според експертите најверојатно се запалило од пожарот предизвикан во соседниот магацин со пиротехника.

На видео-снимките во првите моменти од катастрофата се гледааат искри, светлина и чад, што укажува на активирање на пиротехничките средства.

Експертите можат да ја проценат силата на експлозијата мереќи го кратерот што останува по неа.

Судејќи поради големината на кратерот и обемот на штета ширум Бејрут, интензитетот на експлозијата е еквивалент на детонација на околу 2,2 килотони експлозив ТНТ.

Сепа, се уште не познато што го предизвикало пожарот. Пред да се случи експлозијата, во Бејрут беше сончево, со вообичаена температура од 30 степени Целзиусови.

Либанскиот министер за внатрешни работи Мухамед Фахми во својата изјава за локалните медиуми не спомна запалена пиротехника, но истакна дека експлозијата е предизвикана со детонација на повеќе од 2.700 амониум нитрат, складиран во пристаништето откако бил конфискуван од товарен брод во 2014 година.

Разорувањето предизвикано од експлозијата потсетува на експлозиите на амониум нитрат во бомбашкиот напад во Оклахома Сити во 1995 и на бродот Тексас Сити во 1947 година.